Шпанецот Карлос Алкарас и Србинот Новак Ѓоковиќ денеска ќе ги одмерат силите во финалето на третиот Грен слем во сезоната на Вимблдон.

Тоа ќе биде нивни шести официјален натпревар меѓу нив, а поуспешен досега беше Ѓоковиќ со три победи, а Алкарас двапати.
Двајцата се сретнаа и во финалето на Вимблдон минатата година кога Шпанецот во спектакуларен меч го победи Србинот со резултат 3:2, тоа беше во сетови, 1:6, 7:6 (6), 6:1, 3: 6, 6: 4 и на тој начин стигна до неговата, во тоа време, втора Грен слем титула.
Алкарас моментално има три грен слем титули, додека Ѓоковиќ е најуспешен во историјата на тенисот со 24 освоени титули.
До финалето Алкарас ги победи Лајал, Вукиќ, Тиафое, Хамберт, Пауло и Медведев и на тие шест меча загуби пет сета.
Од друга страна, Ѓоковиќ ги победи Коприва, Феарнли, Попирин, Руне и Музети додека Де Минаур му го предаде мечот и во тие пет меча загуби само два сета.
Ѓоковиќ седум пати го освојуваше третиот Грен слем сезонава и во недела ќе има можност да го израмни рекордот на Роџер Федерер кој освои осум титули на Вимблдон.
А Алкарас го совлада Александар Зверев во финалето на Ролан Гарос, па со освојувањето на Вимблдон би ја продолжил својата феноменална серија на Грен слем турнирите и би испратил јасна порака до љубителите на овој спорт дека е новиот крал на тенисот.