Судот побара од Собранието да им се укине имунитетот на тројца пратеници, за истите да можат да одат во притвор.
Во Собранието стигнало барање од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. Барањето потпишано од судијата Ненад Савески како судија на претходна постапка, е адресирано до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тројцата пратеници се обвинети според член 313 од Кривичниот законик за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за кое е е предвидена казна затвор од најмалку 10 години. Неофоцијално, до Собранието е пристигнато уште 1 барање, но нема информации за кој пратеник станува збор.