Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци

Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа што се случи кај селото Ласкарци и претседателот на Кривичниот суд, денес остварија средба со претставници и роднини на оштетените лица во случајот.

Надлежниот судија и претседателот, како што информираат од Основниот кривичен суд, се согласни со претставниците на оштетените дека постои застој во постапувањето по конкретниот предмет, кој застој не е по вина на судот.

– Заради тоа, оштетените беа детално и со сите писмени известија и ургенции, запознаени за сите дејствија кои судот ги има преземено изминатава година за навремено добивање на супервештачењето од надлежното Биро за судски вештачења, кое е неопходно за завршување на доказната постапка и донесување на првостепена пресуда, се вели во соопштението од Кривичен.

Од Судот, посочуваат дека до овој момент судот има доставено 10 писмени ургенции до Бирото и пред
секоја насрочена расправа телефонски го контактира директорот на Бирото со барање супервештачењето да биде завршено во најкус можен рок и предметот да биде вратен за да продолжи главната расправа.

– За ургенциите, но и причините за застојот во постапувањето, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ, а на неодамнешната средба во судот, на новинарско прашање, свој став околу супервештачењето даде и Министерот за правда. Заради недозволеното одолговлекување на супервештачењето, Судот денеска писмено се обрати до Бирото со напомена дека доколку до 05.12.2022 година предметот со сите списи и со изготвни вешт наод и мислење на биде вратен во судот или доколку од страна на вештите лица не се достави образложен извештај со причини зошто вешиот наод сеуште не е изготвен,
судот ќе биде приморан да ја искористи Законската можност за парични казни на Бирото за судски вештачења, согласно член 237 ст.3 од ЗКП,  како последен инстурмент кој му стои на располагање, се вели во сопштението од Кривичен.

Судот уште еднаш ја известува јавноста, дека ги има преземено сите мерки за судење во разумен рок, дослено почитување на правата на странките и првостепено завршување на предметот.

Заради сензибилноста на случајот, се вели во сопштението од Кривичен, предметот се водеше со забрзано темпо во услови на Ковид ограничувања и беше испратен на супервештачење, поради два претходни спротивставени наоди, како што налага ЗКП, а со цел да не се направи суштинска повреда.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе