Судот објасни зошто ја одбил жалбата на Ѓоковиќ и го депортирал

Првиот рекет во светот не доби можност да игра на Австралија опен иако имаше виза и медицинско ослободување.

Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија пред почетокот на Австралија опен, а во тој момент причините за таквата одлука не беа баш јасни. Сега ситуацијата е малку појасна, бидејќи Федералниот суд, институцијата што одлучуваше за овој случај, конечно се огласи.

Тричлениот судски совет ја прифати одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хок, да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ и да го испрати во Србија, но моравме да почекаме неколку дена за да дознаеме зошто тоа се случило. Во меѓувреме за случајот зборуваа и адвокатите.

Според соопштението на судот, Новак со својот пример можел лошо да влијае на младите.

„На министерот му беше јасно дека Ѓоковиќ одлучи да не се вакцинира и може да заклучи дека јавноста ќе го разгледа неговиот став против вакцинацијата. Светската ѕвезда потоа може да влијае врз младата популација да го имитираат и да ги охрабри да не се вакцинираат“, наведува судот.

Според нив, одлуката на министерот е поткрепена со докази.

„Министерот Хок беше свесен за фактот дека ќе има немири во заедницата доколку Ѓоковиќ остане“.

Во оваа изјава се тврди дека министерот детално ја образложил својата одлука, иако тоа со закон не морал да го направи.

„Несомнено е дека во врска со прашањето од големо јавно значење, се посвети внимание на формулирање на причините во четирите дена во кои министерот требаше да ја разгледа работата и да ги дополни и достави причините. Сепак, одредена тежина треба да му се даде на фактот дека немаше обврска да се даде причина за одлуката. Имаше јасна меѓусебна поврзаност на сите делови од причините на министерот. Темите за охрабрување и имитирање на спортскиот херој и икона се провлекуваат низ причините за грижа за здравјето и редот, јавниот интерес“, стои во дел од сеопфатното соопштение.

Исто така, судиите заклучија дека основата за ваквата одлука на министерот е рационална и логична.

„Министерот го има овој став врз основи за кои не може да се каже дека се ирационални или нелогични или не се засновани на релевантен материјал“.

Отвореното првенство на Австралија деновиве се игра без првиот носител, па најголеми фаворити за трофејот се Даниил Медведев, Александер Зверев и Рафаел Надал.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе