Судската администрација остана без плата пред празникот

Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ му се лути на првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски, затоа што, како што пишуваат пред празникот не само што не го добиле најавеното покачување од 10% туку ги оставиле и без плата.

Синдикатот реагира на „неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, поради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10% туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник, Велигден“, пишуваат синдикалците во соопштението.

Членовите на Судскиот совет на итна седница пред крајот на март донесоа нов Правилник за додатоците на плата на судиите. Со него судиите, но и судската администрација треба да добијат повисоки мартовски плати за 10%. Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџоски, по итната седница изјави дека брзале поради тоа што било крај на месецот, за да се завршат пресметките и мартовската плата која се исплаќа до 15 април да биде повисока.

Караџоски не знаеше да прецизира за колку точно пари се работи, односно колку вкупно средства се предвидени за покачувањето во Судскиот буџетски совет. Вели Законот опфаќа околу 3000 лица, од кои 560 судии.

Караџоски тврдеше дека е оправдан револтот кај судиите кога дознале дека јавните обвинители и јавнообвинителските службеници зеле повисока февруараска плата за 20%. Тој се повика на Законот за платите на судиите од декември, 2015 година, во кој платите на судиите и обвинителите предвидува зголемување за 35%, но тие пари никогаш не легнале на контото на судиите.

Просечната на плата на судиите во Македонија се движи од околу 50.000 до 70.000 денари. Решението за покачувањето на платите во судската амиднистрација го нашле во потпишаниот Колективен договор.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе