Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов: По увидот во сите списи ќе кажеме дали има пропуст

Судскиот совет ќе формира комисија која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки кои се воделе против 20-годишникот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“.

„Започнавме, разгледуваме, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет. По извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став и ќе кажеме дали имало пропуст или не. Предмет на разгледување е општо сѐ за што имаше забелешки во јавноста, по сето тоа ќе се постапува“, изјави Камбовски.

Тој пред два дена рече дека во моментот не треба да се носат одлуки или да се изведуваат заклучоци, но не ја исклучи можноста повторно да се разгледаат досегашните случаи против Јованов. Во врска со прашањето за тоа какви казни определуваат судовите, Камбовски тогаш изјави дека недостига официјална анализа, која би покажала дали навистина секогаш се оди со поблаги казни оти законот предвидува најблага казна од 4 години, но највисока од 20 години затвор. Тој смета дека драконски казни нема да го решат проблемот.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. Јавноста дополнително се вознемири по информациите дека возачот им бил познат на органите од постапка во која лани му се судело за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори, но Судот му одредил мерка поправен дом, третирајќи го како помлад полнолетник. И претходно предизвикал сообраќајка без возачка дозвола, но се спогодиле со оштетената страна.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Македонија

Таравари официјално поднесе оставка

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Read more

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Да не остане покусо од Путин: И Зеленски праќа делегација на преговорите

Читај повеќе

Таравари официјално поднесе оставка

Читај повеќе

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Читај повеќе
  • filter

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма над Балтикот: Блиска средба на руски и НАТО авиони поради танкер

Читај повеќе

Од полноќ нова цена на дизелот

Читај повеќе

ЕУ со нов данок сака да го отплати долгот од пандемијата

Читај повеќе

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Читај повеќе

Трамп објави: Непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени

Читај повеќе