Супер Марио слави 35 години – Дали се чувствувате старо?

Ако сте долгогодишен љубител на видеоигри, а веќе сте на возраст да имате деца, голема е веројатноста дека нема да може да ги играте со вашите деца видеоигрите од вашето детство.

Прво, тешко е да го најдете хардверот за играње, а уште потешко е да ги заинтересирате денешните деца за осумбитни човечиња и конзолите од минатиот век.

Видеоигрите кои во својот оригинален облик преживуваат неколку генерации се исклучително ретки, а Super Mario Bros. е една од игрите која и по 35 години од појавувањето нема изгубено на свежина и подеднакво им е забавна и на носталгичарите и на младите гејмери.

Super Mario Bros. се појави во јапонските продавници во септември 1985 година и засекогаш го смени светот на видеоигрите.

Не е претерување да се каже дека токму водоинсталатерот мустаклија ја спаси гејминг индустријата која по неверојатниот првичен залет за кратко време удри во ѕид и почна да попушта под тежината на хиперпродукцијата, површноста и потпирањето на истрошени идеи.

Марио ја сврти наопаку оваа индустрија, постави нови правила и со време стана поп икона на исто ниво со Мики Маус, заштитно лице на Nintendo и една од најголемите медиумски франшизи на сите времиња. Неговиот творец, јапонскиот гениј Шигеру Мијамото стана спасителот на цела индустрија и човек чиј секој следен чекор се следи со големо внимание.

Remote video URL

Куриозитет за Марио е дека на почетокот, кога се појавил како лик во играта Donkey Kong бил градежен работник чија мисија е да ја спаси девојката од Донки Конг. Дејството се случуваше на градилиште и тоа имаше смисла, а пнатаму цевките станаа составен дел на играта, па Марио стана водоинсталатер.

реклама

Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Read more

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Збунувачки тврдења од кавкаскиот конфликт: И двете страни победуваат

Read more

На референдум Швајцарците одбија да се затворат кон ЕУ

Read more

Гејминг

Видеоиграта „Football Manager“ пристигнува во ноември: На кои конзоли ќе биде достапна?

Read more

Топ 5 видеоигри за Nintendo Switch

Read more

10 видеоигри кои го извлекуваат најлошото од нас

Read more

Познато дали видеоигрите за PS3 ќе бидат достапни за PlayStation 5

Read more

Гик

Хакерски DDoS напади од Кина, Виетнам и Русија врз унгарските финансиски институции

Читај повеќе
  • filter

Рендерите го открија изгледот и перформансите на Nokia 7.3 - што да очекуваме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Cloud gaming сервисот Luna е само еден од многуте новитети на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Видеоиграта „Football Manager“ пристигнува во ноември: На кои конзоли ќе биде достапна?

Читај повеќе

Многу критики за новиот дизајн на Facebook - дали ви се допаѓа?

Читај повеќе

Google ги објави деталите за новите смартфони Pixel 5 и Pixel 4a 5G

Читај повеќе

Wikipedia конечно добива нов дизајн, погледнете како ќе изгледа

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 5 видеоигри за Nintendo Switch

Читај повеќе
  • filter

LG претстави 3 нови смартфони, наскоро достапни и на европскиот пазар

Читај повеќе