Чек дис аут
Па добро, дали се нормални?

Супер Марио, трн во окото на ПЕТА

16. ноември 2011 - 20:18 | Б.И

Организацијата за етички третман на животните, ПЕТА, во своето најново соопштение соопшти дека е „крајно вулгарно“ што Супер Марио, главниот лик во многу игри на Nintendo, носи ракунско одело во својата последна авантура во светот на видео игрите.

Причината за нивната лутина е што „Тануки оделото е од крзно на посебен вид на ракун“, велат од ПЕТА.

„Тануки е можеби само одело во оваа игра, но бидејќи Марио носи кожа на животни, со ова порачува дека е сосема во ред да се носи крзно“, стои во соопшението издадено од ПЕТА, луѓе кои веројатно не потекнуваат од пралуѓе кои преживувале носејќи крзно од животни, туку од софистицирани фабриканти на еко-кожа од праисторијата.

Инаку, оделото веселиот и способен водоинсталатер Марио не го носи во текот на целата игра. Нормално, тој си ја носи неговата униформа, а оделото го добива кога ќе изеде „супер лист“ и со него има посебни моќи.

Од ПЕТА инсистираат дека ваквото одело е и охрабрување кон окрутноста кон животните, а се потрудија да дадат и објаснување дека „тануки“ се всушност вид на ракуни кои „се претепувани и на кои кожата им се дере додека се живи за да го задржи сјајот“.

Тие дури и направиле своја верзија на оваа игра, наречена Super Tanooki Skin 2D, во која главниот лик има мисија за да си ја врати својата кожа од Супер Марио.

Коментирај