Супербабичка: Не се откажува од гимнастика и на 93 години

Оваа супербабичка е вистинско чудо од жена. Јохана има 93 години и е аматерска гимнастичарка која на натпреварувањата покажува неверојатна сила и еластичност.

Нејзиното име е запишано во Гинисовата книга на рекорди – таа е најстарата активна гимнастичарка во историјата на овој спорт.

Љубовта кон гимнастиката се родила рано кај Јохана. Првата средба со овој спорт ја имала на 9 години, а почнала да се натпреварува во 1934 година.

По Втората светска војна, гимнастиката била забранета во нејзината родна Германија каде се давало предност на екипните спортови, па Јохана се префрлила на ракомет, во кој исто така била успешна и со својот тим го освоила првенството на Источна Германија во 1954 година.

Во меѓувреме се омажила и родила три ќерки, но семејните обврски не ја оттргнале од нејзината прва љубов.

Одлучила да стане тренер за млади гимнастичари и во 1982 година, кога имала 57 години, се сретнала со две стари пријателки (едната помлада четири години од неа, другата пет) и ја мотивирале повторно да почне активно да вежба и да се натпреварува.

Истата година Јохана освоила многу медали на регионални натпревари и го одушевила целиот регион.

Денес, на 93 години, кога ќе погледне наназад, вели дека нагорд момент ѝ бил кога победила на гимнастичарско натпреварување на 84 години во категорија во која останатите натпреварувачи имале 70 до 75 години.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе