Здравје

Суперхрана: Намирници кои се корисни за машкото здравје

8. декември 2019 - 12:13 | М.С.

Она што го јадете не влијае само на вашата телесна тежина, туку на целиот организам и на здравјето на репродуктивните органи.

Нутриционистите открија дека одредени намирници се важни за машкото сексуално здравје, а можат да влијаат на сè, од силина на ерекцијата до движењето на спермата.

Порталот Best Life издвои намирници кои треба да ги вклучите во исхраната.

Спанаќ

Не само што го намалува апетитот, туку и поттикнува циркулација во долниот дел од телото. Со други зборови, може да делува како природна вијагра. 

Го подобрува крвотокот на телото.

Исто така, богат e со фолатим кој го зголемува протокот на крвта и помага во заштита од сексуалните проблеми кои се појавуваат со стареењето.

Кафе

Кога станува збор за консумирање на намирниците за подобрување на здравјето на пенисот, тука спаѓа и кафето.

Студијата од 2015 година откри дека кај мажите кои пијат две до три шолји кафе дневно, односно внесуваат 85 до 170 милиграми кофеин, имаат помалку шанси да добијат еректилна дисфункција.

Шери домати

Според истражувањето од 2014 година објавено во списанието Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention, мажите кои јадат повеќе од 10 порции шери домати во тек на неделата имаат 18 проценти помал ризик од развој на рак на простатата. 

За тоа можат да му се заблагодарат на ликопенот, антиоксидант кој се бори против токсините кои предизвикуваат оштетување на ДНК станиците.

Зелен чај

Зелениот чај ја зајакнува сексуалната желба, поттикнувајќи го протокот на крв помеѓу нозете. Затоа, се препорачува да го консумирате неколку пати дневно.

Лута храна

Лутата храна е една од најдобрите намирници кога станува збор за здравјето на вашиот пенис.

Студијата од 2015 година објавена во списанието Physiology & Behavior откри дека машите кои сакаат зачинета храна имаат повисоко ниво на тестостерон.

Коментирај