Фит

Суперхрана што топи калории додека спиете

7. ноември 2018 - 15:27 | А.С.

Сакате да се ослободите од вишокот масни наслаги на телото? Со вклучувањето на оваа суперхрана во вашето мени ќе успеете во тоа, а за најдобри резултати треба да ја јадете пред спиење.

Научниците од Државниот универзитет на Флорида тврдат дека протеинскиот оброк богат со меко младо сирење може да ви помогне да го забрзате метаболизмот и да слабеете.

Резултатите од истражувањето покажаа дека ако јадете 30 грама протеини половина час пред спиење тоа ќе има позитивен ефект на квалитетот на мускулите, метаболизмот и општото здравје.

За да ги тестираат резултатите од внесувањето на здрава и природна храна наспроти синтетичките протеини што обично се содржат во шејкови и суплементи, во насока на процесот на слабеење, научниците спроведоа истражување на група жени.

Испитаничките на возраст на 20-тина години јаделе меко младо сирење секоја вечер, 30 минути пред спиење.

Нутриционистката Рајан Ламборт вели дека мекото младо сирење е идеален природен извор на протеини.

Протеините се од клучно значење за раст и обновување на мускулите, но и во согорувањето калории.

Младото сирење (cottage cheese) се смета за суперхрана: 100 грама младо сирење содржи околу 12-15 грама протеини, од кои повеќето се во форма на казеин, кој бавно се вари - од 2 до 7 часа – што значи дека заситува подолго време. Затоа младото сирење е одличен избор за последен оброк во денот.

Коментирај