Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со која укажува на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор да издвои средства во висина од 7 милиони денари од приходи од тековното работење на ова акционерско друштво, за итна набавка на клима уреди за потребите на Телеком Арената во Скопје, каде треба да се одигра натреварот во рамки на УЕФА Суперкупот.
На претпријатието му се укажува останатите 4 милиони денари да ги резервира наменски за евентуални дополнителни тековни потреби.
На седницата на Владата е информирано дека е договорено и со ФФМ да обезбеди резервни 5 милиони денари.
Со тоа се создадени услови за довршување на реконструкцијата на стадионот и за одржување на меѓународниот натпревар согласно стандардите на УЕФА, за што тим на организацијата ќе дојде следниот месец во земјава да направи проверка.