Бидејќи неодамна ја претставија најекстремната верзија на нивниот спортски автомобил GT Black Series, од Mercedes направија промени и на стандардната верзија на нивниот суперспортски автомобил.
Основната верзија на Mercedes-AMG GT развиваше 500 коњски сили, а подобрената верзија има 4,0-литарски V8 мотор и развива 530 коњски сили.
Унапредениот Mercedes AMG GT Coupé може да се нарача во Европа по цена од 119.079 евра, a Roadster чини 130.679 евра.