Супертајфун во Кина: Ветер со 234 км/час уништува сè пред себе

Супертајфунот Јаги стигна до јужниот кинески остров Хаинан со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 230 км/ч, а државните медиуми јавуваат дека речиси 420.000 жители се евакуирани како мерка на претпазливост.

Јаги би можело да стане најсилната бура што ја погодила јужна Кина во последните десет години, а се очекува со еднаква жестокост да го погоди и соседен Виетнам.

Официјалната новинска агенција Xinhua пишува дека супертајфунот удрил на копно во 16:20 часот по локално време и го погодил брегот на Хаинан во близина на Венчанг, на североистокот од островската провинција. Со екстремно обилни врнежи, тајфунот со ветрови кои достигнуваат и до 234 км/ч може да предизвика катастрофални штети на овој остров, туристичка дестинација позната по песочните плажи и луксузните хотели.

Како дел од превентивните мерки, властите во Хаинан досега евакуираа 419.367 жители, затворија неколку туристички места и воведоа рестрикции за возачите, јавува Xinhua.

Вонредни мерки на највисоко ниво

Кинеското Министерство за водни ресурси вчера ги подигна вонредните мерки на третото, највисоко ниво бидејќи областа се соочува со проблем со поплави во Хаинан, но и во соседната јужна провинција Гуангдонг.

„Јаги веројатно ќе заврши како најсилниот тајфун што го погодил јужниот брег на Кина од 2014 година, што ќе ја отежне работата за спречување поплави“, објави Xinhua по состанокот на претставниците за контрола на поплавите.

Јаги само во петокот навечер помина најмалку 400 километри од Хонгконг, носејќи со себе обилни врнежи.

Во петокот берзата во Хонгконг беше привремено суспендирана, училиштата беа затворени, а јавниот превоз беше ограничен. Властите објавија тројца повредени, но рекоа дека штетата е ограничена. Пороен дожд во градот продолжува со еднаква жестокост и денеска.

Тајфуните се вообичаени во јужна Кина

Тајфуните често ги погодуваат јужните делови на Кина во текот на летото и есента, формирајќи се во топлите океани источно од Филипините и Тајланд.

Сепак, според студијата објавена во јули, поради климатските промени, тајфуните сега се формираат поблиску до брегот во регионот отколку порано, побрзо зајакнувајќи и останувајќи подолго на копно.

Метеоролозите најавуваат дека по јужна Кина, Јаги ќе ја продолжи рутата кон Виетнам. Како што предвидуваа синоптичарите, ќе ги погоди северните и централните области, во близина на познатиот залив Ха Лонг, место кое е запишано на списокот на светско наследство на УНЕСКО поради неговата природна убавина.

Тагови
реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Свет

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more
 

Вести

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Читај повеќе