Супержена: Го победи ракот и го донесе Челси до полуфинале на ЛШ

Фудбалерките на Челси стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампиони победувајќи го Лион во два натпревари, а херој на лондонскиот тим е голманката Ен-Катрин Бергер.

Бергер од синоќа е на насловните страници на бројни англиски медиуми, а на социјалните мрежи ја нарекуваат „супержена“. Таа синоќа одбрани два клучни пенали во пенал-рулетот против Лион и го одведе својот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите, а ништо немаше да биде необично доколку ова не се случеше откако со години се бореше со тешка болест.

Бергер (32) двапати во животот го победи ракот на тироидната жлезда. Пред само седум месеци беше на хемотерапија, но не се откажа, туку ја победи болеста и блесна на фудбалскиот терен.

URL

Ракот се вратил кај германската фудбалерка четири години откако за прв пат ја доби битката на животот. Тоа го потврдила во август, по што се посветила на лекување.

Неколку месеци подоцна таа се врати на терените, а сега го водеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Таа е човек кој цвета во големи моменти. Тоа го прави цела кариера. Таа е веројатно најдобрата голманка на пенали со која сум работела, па почувствував голема самодоверба кога дојдоа пеналите", изјави нејзината тренерка Ема Хејс.

URL

Самата Бергер нема проблем да зборува за болеста и верува дека нејзините искуства можат да им помогнат на другите кои се борат со истиот предизвик.

„Всушност, навистина сакам да зборувам за тоа. Тоа е тема за која некои луѓе не сакаат да зборуваат, но мислам дека од моја позиција можам да им помогнам на другите. Не седам овде кажувајќи дека сè беше лесно, затоа што не беше, без разлика кој бил вашиот главен фокус, а мојот фокус беше да се вратам на фудбалот, тоа може да ви помогне да го постигнете она што го сакате. Затоа мислам дека е многу важно да се биде отворен. Јас победив, па зошто да не можат сите други“, рече искусната голманка.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Фудбал

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Read more

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Read more

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Read more

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Read more
 

Спорт

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе