Суптилни знаци што покажуваат дека некој е многу интелигентен

Една од најинтересните човечки карактеристики е тоа што луѓето со пониска интелигенција често мислат дека се попаметни, а оние со високо ниво на интелигенција редовно се потценуваат во овој поглед.

Ова е ефектот Данинг-Кругер, а со манифестации на оваа теорија се среќаваме секојдневно, особено преку социјалните мрежи.

Еден корисник на Reddit го постави прашањето „Кој е суптилен знак дека некој е многу интелигентен?“ А одговорите многу јасно покажаа како навистина се однесуваат паметните луѓе. Еве некои од најдобрите одговори:

„Тие црпат мудрост од различни извори - можеби се работи повеќе за мудрост отколку за интелигенција, но двата концепта се силно поврзани.“

„Си ја знаат публиката - го прилагодуваат начинот на кој комуницираат со личноста со која разговараат без да се однесуваат како да зборуваат ‘од високо’.“

„Способни се да развијат префинето чувство за својата работа - сфаќате дека некој е интелигентен кога ќе забележите колку длабоко е способен да навлезе во областа во која работи и да ја врши својата работа на посебно ниво.“

„Љубопитност - за сè. Оној кој е интелигентен мора да биде љубопитен.“

„Одлични се во пренесувањето на идеи - кога ќе ви објаснат нешто и вие се чувствувате интелигентно.“

„Поставуваат прашања внимателно и одмерено - добро размислуваат пред да постават прашања.“

„Успеваат да пренесат тешки идеи со едноставни - сè изгледа лесно кога излегува од нивните усти, дури и кога станува збор за сложени работи.“

„Тие се свесни за работи кои не ги знаат - знаат кои се ограничувањата на нивното знаење и не се двоумат да го признаат тоа.“

„Слободоумни се - лесно ќе размислат за идеја која не е во склад со нивниот светоглед.“

„Учат од грешките – признаваат кога згрешиле и учат нешто од секое такво искуство.“

„Имаат смисла за хумор - навистина смешните луѓе често се многу паметни и умеат да бидат смешни на различни начини и на многу нивоа.“

„Љубов кон учењето - велат дека сакаат да учат и да учат нешто секој ден. Тие слушаат повеќе отколку што зборуваат.“

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе