СЕРИЈА А 2020/21

Суспендиран арбитарот кој судеше на Интер - Парма

Поради недосудениот очигледен пенал во корист на Интер суспензија доби главниот судија, како и оној од ВАР собата кој „заборави“ да интервенира.

„Интервенцијата на Балог над Перишиќ е пенал кој е очигледен и требаше да се досуди. Во ваков случај ВАР требаше да интервенира“, вели познатиот поранешен судија Никола Рицоли, сега делегат на судиите во Серија А.

При таа ситуација главниот судија Марко Пичинини одмавна со раката, а не интервенираше ниту ВАР собата каде на чело беше Фабио Мареска. Сега двајцата за казна добија суспензија и деградација во Серија Би. Во Серија А веројатно ќе се вратат со судење во декември, ако бидат назначени.

„Перишиќ е пред дефанзивецот, нема сомнеж дека противникот користи раце и тоа на начин кој е казнив и предизвикува фаул за кој се суди пенал. ВАР мора да ги бара објективните ситуации. А тука од објективност е динамиката и рацете кои се на рамената на Перишиќ, со што го спречува играчот да скокне“, објаснува некогашниот најдобар европски судија.

При едно нафрлување Иван Перишиќ беше спречен да скокне и со глава да проба да го загрози голот на Парма, но судиите останаа неми.

Интер одигра 2:2 со Парма, па од суспензијата на судиите и нема никаква корист бидејќи штетата е веќе направена.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе