Суспендирани речиси сите 10.000 вработени во УСАИД ширум светот

Макфакс
/ 05.02.2025 / 09:56

Околу 10.000 вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) беа известени дека ќе бидат ставени на административно отсуство, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја распушти агенцијата за странска помош.

Во известувањето на Стејт департментот до вработените во УСАИД – од кои две третини работат во странство во 60 земји – се вели дека целиот персонал на УСАИД со директен ангажман ширум светот ќе биде ставен на административно отсуство од петок, 7 февруари, во 23:59 часот.

Единствен исклучок е за одреден персонал одговорен за „критичните функции, клучното раководство и конкретно одредени програми“.

Стејт департментот работи на план да организира и плати за враќање на вработените во УСАИД кои живеат во странство назад во Соединетите Држави во рок од 30 дена и да ги раскине договорите кои не се сметаат за суштински, се вели во известувањето.

Масовните отпуштања доаѓаат додека Трамп и неговата администрација, предводени од технолошкиот претприемач Илон Маск, работеа на затворање на агенцијата за странска помош и нејзино спојување со Стејт департментот. Седиштето на УСАИД во Вашингтон беше затворено во понеделникот.

Трамп ги потврди своите намери да ја затвори агенцијата во изјава за новинарите во вторникот, нарекувајќи ја УСАИД „корумпирана“.

УСАИД има буџет од 40 милијарди долари финансиран од Конгресот.

Меѓу суспендираната парична помош се и сомнителните 1,3 милиони долари помош за создавање поволна клима за ЛГБТК заедницата во Македонија, објави Fox News.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Свет

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Read more

Што е теоријата Пентагонска пица?

Read more

Нов бран израелски напади во Иран

Read more

Што се пренесуваше на трите мистериозни кинески летови кон Иран?

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе