Suziki го претстави новиот S-Cross
Новиот Suzuki го движи 1,4-литарски турбо бензин мотор со блага хибридна технологија.
Во јапонската автомобилска компанија сметаат дека со новото издание на S-Cross, кој ќе се произведува во Унгарија, ќе привлечат најмногу купувачи досега.
Новиот автомобил има импресивен дизајн, поголеми куќишта за задните светла, нов мултимедијален систем со апликациите Android Auto и Apple CarPlay.
Развива 129 КС и 235 Nm максимален вртежен момент, од 0 до 100 км/час забрзува за 9,5 секунди. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу 6-степен рачен и автоматски менувач.
Првите примероци во европските продажни салони ќе пристигнат пред крајот на годината.