Јапонскиот произведувач за купувачите во Европа ќе го претстави новиот SUV Suzuki Across со plug in хибриден погон кој е ист како моделот Toyota RAV4.
Suzuki Across plug-in Hybrid е првиот модел на оваа компанија кој настана во соработка со Toyota.
Suziki ги смени фаровите, маската на ладилникот, предниот браник, но сè уште изгледа исто како моделот на Toyota.
Suziki Across го придвижува 2,5-литарски четирицилиндричен бензин со 178 коњски сили и 228 Nm кој во комбинација со електричниот мотор развива 306 коњски сили, а силата се пренесува на сите 4 тркала.
Oд Suzuki велат дека овој SUV во продажните салони пристигнува наесен и тогаш ќе биде позната и неговата цена.