Свадби во пандемија: Забрането гушкање, дозволено играње со безбедно растојание

Владата вчера на седница го донесе протоколот за свадби, прослави и веселби со цел да ја уреди одлуката со која се дозволува нивно организирање на отворен простор односно на летни тераси до максимум сто лица, но не повеќе од 50 проценти исполнетост на капацитетот.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција прецизираше дека протоколот предвидува стандардна процедура – на влез да има поставено и задолжително да се користи средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси да е отворен од трите страни, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид физички контакт со гостите.

-Ангажирање музика односно естрадни уметници е дозволено само при организирање свадби односно музичарите треба да бидат оддалечени најмалку пет метри од најблиската маса и не смеат да се движат помеѓу гостите. Протоколот дозволува играње на подиум со безбеден простор од четири квадратни метри по лице со почитување на препорачаната дистанца, рече Хоџа.

Организаторот на прославата има обврска да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот кој, пак, има обврска да го евидентира секој гостин на прославата. Организаторот е обврзан и да ги запознае сите гости со препораките предвидени во протоколот. Менаџерот на угостителскиот објект е должен да ја регистрира и пријави прославата во Комората на угостители која води регистар на свадби, прослави и веселби. Ако се движат во затворениот дел, гостите задолжително ќе носат заштитни маски. Во однос на казните за непочитување на мерките, Хоџа рече дека за нив се задолжени надлежните институции што ќе контролираат.

Владата на синоќешната седница ги прифати препораките за попуштање на рестриктивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе