Свечена академија по повод 55 години РСБСП

Мал број организации во Република Македонија кои можат да се пофалат со долгогодишна историја и кои повеќе од половина век се присутни, активни и поддржани од граѓаните. 

По повод јубилејот,  55 години постоење и активно дејствување на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во петокот вечер во салата на Македонскиот народен театар во Скопје се одржа свечена академија.  На настанот присуствуваа голем број на афирмирани лица, експерти, професионалци и многу други  кои изминатите 55 години беа дел од работата на РСБСП и  дадоа свој личен придонес и белег во унапредување на сообраќајна култура и подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Во рамки на академијата свое обраќање имаше Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски која ја потенцира убеденоста и силната верба во тоа што Советот го работи и нагласи дека Советот и во иднина со уште посилен интензитет ќе работи за добробита на заедницата и општеството  со единствена цел безбедно патување и сообраќај без жртви.

Државниот секретар во Министертвото за внатрешни работи Сања Димитриевска во своето обраќање на настанот истакна дека Министерството за внатрешни работи во своето работење става подеднакво акцент, како на превентивната компонента, и сообраќајно – превентивното дејствување, така и на присилата, односно санкционирањето на учесниците коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  но потенцира дека колку и да настојува  Министерство за внатрешни работи,  не можеме да биде на секој дел и во секое време од сообраќајната мрежа во Р.Македонија, и токму поради тоа, нагласи суштински важна е улогата на РСБСП   во градење на ефикасен систем за справување со сообраќајните незгоди и жртвите од сообраќајни незгоди преку едукација и подигање на свеста и одговорноста  на учесниците во сообраќајот.

Во знак на добра соработка, силна поддршка и делење заедничка визија за побезбеден сообраќај плакети добија: АМСМ, МВР, Црвен Крст и Д-р Никола Ангелески - поранешен претседател на РСБСП.

Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе остана  во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал  за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Република Македонија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе