Свечено доделување на наградата „Антево перо“ за 2024 година

Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, на 3 октомври (четврток) со почеток во 19:30 часот, ќе биде средиште на централниот настан на седмото издание на меѓународната поетско- културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

На почетокот на вечерта, присутните ќе имаат можност да проследат кус видеорецитал изворно со гласот на Анте Поповски, но и снимка од негови песни во изведба на познати артисти. Низ динамично осмислената програма ќе води м-р Митра Мими Спасова, која најпрво ќе презентира кус приказ на најважните карактеристики кои му дадоа белег на годинешниот конкурс.

За естетските вредности на збирките на добитнците на традиционалните поетски награди, „Антево перо“ „Антев златник“ и „Антев часовник“, во продолжение ќе се осврне членот на жири-комисијата д-р Атина Цветаноска, по што ќе следи и врачување на наградите. Публиката ќе проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават шестмината годинешни лауреати.

Присутните на вечерта ќе имаат пријатна можност да го слушнат и излагањето на проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, по повод 60 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Непокор“ и 40 годишнината од излегувањето на „Сина песна“ од македонскиот поетски великан Анте Поповски.

На крајот од вечерта на присутните ќе им биде овозможено да ја разгледаат и постојаната музејска поставка на донирани лични предмети на Анте Поповски и Матеја Матевски, која неодамна беше претставена во Музејот на македонската борба за самостојност.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Култура

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Read more

Концерт за чествување на Св. Кирил и Методиј во црквата Св. Софија во Охрид

Read more

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Read more

Вечерва почнува 15. Филозофски филмски фестивал: Што ќе гледаме?

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе