Свечено отворање на Синедејс в четврток

Младинскиот културен центар го најавува 23. издание на „Синедејс“ кое ќе трае од 11 до 17 јули, а воедно и отворањето на фестивалот на 11 јули кое ќе го одбележи проекцијата на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд“.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Премиерата на филмот, се одржа на 23 март 2024 во рамките на „CPH:DOX“ и беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.

Билетите за отворањето на фестивалот се целосно распродадени.

Тагови
реклама

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Read more

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more

Италија се откажа од Starlink поради Маск

Read more

Култура

Без зборови – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Read more

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Read more

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more
 

Вести

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Читај повеќе
  • play_arrow

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Читај повеќе

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Читај повеќе

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Читај повеќе

Трамп најави нови царини за Венецуела: Пратија илјадници криминалци во Америка

Читај повеќе

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски за расправијата во Белата куќа: Го бранев достоинството на Украина

Читај повеќе

Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство

Читај повеќе

Како Индија полека, но сигурно станува четврта светска суперсила?

Читај повеќе