Сведок во истрагата за Шон - Пи Диди - Комбс тврди дека видел секс снимки во кои се вмешани раперот со осум познати личности, меѓу кои и три малолетни.
Имено, човекот кој во четвртокот сведочеше пред федералниот суд во Њујорк тврди дека добил дискета во која имало најмалку осум секс снимки.
Тој изјави дека на видеата била и поранешната девојка на Диди, Ким Портер, со која сведокот претходно соработувал. Тој, исто така, истакна дека најмалку две или три од осумте познати личности биле малолетни ѕвезди.
Адвокатот Ариел Мичел истакна дека снимките вклучуваат и приказни „за девијантните активности на Диди“.
„Снимката ја открива приказната за она што Диди го правел во изминатите 30 години“, рече таа.
Одделот за домашна безбедност го контактираше сведокот за да ги врати снимките, но сведокот тврди дека повеќе ги нема. Сепак, сведокот тврди и дека видел неуредена верзија на мемоарите напишани од поранешната девојка на Диди, Ким Портер, која содржи неверојатни детали за неговата наводна физичка и сексуална злоупотреба.
За потсетување, Пи Диди беше уапсен на 17 септември во Њујорк, а моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година. Тој се соочува со повеќе од 120 обвиненија за сексуална злоупотреба, употреба на дрога и трговија со луѓе.