Сведок во „Титаник“: Полицијата со заплашување собираше гласови за изборите во 2013

Поранешен припадник на сообраќајното одделение при МВР во Струга, Бобан Ѓеорѓиевски на денешното рочиште за случајот „Титаник“ раскажуваше како на локалните избори во 2013 во Струга добил наредби од своите претпоставени да запира и легитимира возила кој потоа ги упатувал на технички преглед каде бил началникот.

„Јас се движев со мотоцикл. Откако ќе им ги одземев документите, возилата ги упатував на технички преглед каде се наоѓаше старешината. Бидејќи Струга е мал град потоа ја разбрав причината зошто се одземени документите, односно тоа се случуваше за потоа тие лица да бидат повикани во полиција или во други јавни објекти за да им кажат за кого да гласат во спротивно ќе бидат казнети. Се работеше за заедничниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочовски. Присуството на полицијата од Скопје во Струга според мое мислење беше за заплашување на народот“, изјави сведокот Ѓеорѓиевски.

Наводите на собраќајниот полицаец од Струга, во својот денешен исказ во Кривичен суд Скопје ги потврди и сведокот Беќир Беќировски кој рече дека во 2013 година му била одземена собраќајната дозвола и потоа бил повикан на разговор.

„Во март-април 2013 година имав проблеми со полицијата, со командири, со УЈП. Од кога ми беше одземена собраќајната дозвола следниот ден бев повикан во кафана од командирот Зоран Раткушиновски, таму беше и Крсто Мукоски. Командирот ми рече ако ја терам процедурата по нивно ќе бидам заштитен како ‘бела мечка’. Лицата бара од мене да гласам за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави сведокот Беќировски.

Свој исказ во Кривичен суд Скопје на денешното рочиште дадоа и поранешни припадници на МВР, кој на локалните изборните во 2013 година од Скопје биле пратени на работни задачи во Охрид.

Обвинети во „Титаник“ за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања се избеганиот Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

реклама

Програмер има уште две шанси да ја погоди лозинката за сметка со 240 милиони долари

Read more

Спасовски: Секогаш ќе се најде некој мангуп за да се пофали на социјалните мрежи и да покаже дека е интересен

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Јокиќ непопустлив кон Шекил: Јас сум Србин и ти го знаеш тоа!

Read more

Македонија

Новопримените професионални војници дадоа свечена заклетва

Read more

Маричиќ: Подготвени сме за модерен попис – политиката подалеку од статистичката операција

Read more

Собранието ја заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително

Read more

Дневен ковид биланс: 403 новозаразени и 10 починати

Read more
 

Вести

СЗО до своите членки: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување

Читај повеќе

Попова тврди дека Русија развила „имунитет на стадо“

Читај повеќе

Новопримените професионални војници дадоа свечена заклетва

Читај повеќе

Маричиќ: Подготвени сме за модерен попис – политиката подалеку од статистичката операција

Читај повеќе

СИРИЗА: Мицотакис го финализираше вртењето за 180 степени за Договорот од Преспа

Читај повеќе

Собранието ја заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 403 новозаразени и 10 починати

Читај повеќе

ЕК работи на сертификат за вакцина, наречен Вакспруф

Читај повеќе

Утре и задутре облачно со ветер и снег во јужните и северните делови

Читај повеќе