Сведок за „Монструм“: Видовме тело и се јавивме на 192

Рибарот Зоран Велковски, кој сведочи на денешното рочиште за случајот „Монструм“, наведе дека критичната ноќ на 12 април 2012, заедно со другарите се упатил кон Смилковско Езеро да ловат риба, но од осветлувањето на автомобилот на 40 метри виделе како лежи човечко тело.

– Видовме автомобил. Беше темно. Ние искоментиравме дека се рибари. Но, од кога го видовме телото не фати паника и се вративме по стариот пат до Љуботенски пат. Таму застанавме и се јавивме на 192, го пријавивме случајот. Полицијата ни кажа да останеме таму. Дојде полицаец во цивилна облека, мислам со автомобил „Опел Астра“. Ни кажа да го однесеме до местото. Кога се доближивме го упативме со рака до местото. Отиде и се врати. Ни кажа да останеме и да не мрдаме, рече сведокот Велковски.

Дополнително сведокот додаде дека во меѓувреме таа вечер од другата страна на Смилковско Езеро, излегол автомобил „Голф 2“, црвена боја. Полицаецот, според сведокот Велковски, го легитимирал, но истакна дека не се сеќава колку луѓе биле во автомобилот.

Исто така, сведокот рече дека на 11 април, ден пред петкратното убиство, во Смилковското Езеро, било присутно едно возило BMW, сива боја.

– Не знам колку лица беа. Ни пријдоа, ни бараа леб. Видов дека немаат соодветната опрема за ловење риби. Ми беше сомнително и му кажав на другарот да станаме и да си одиме. Никој од присутните не беше од автомобилот, истакна сведокот Велковски.

Во меѓувреме во судница беше присутен и сведокот Илија Смилевски од МВР, кој побара од Судот да упати барање до министерот, за да му дозволи да сведочи за овој настан. Тој наведе дека во тој период бил началник за чување од тероризам, односно сега е началник за истраги од тероризам. Сведокот Смилевски, е предвидено да сведочи на 24 март. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе