Сведоштвото на данската студентка која една година се бореше против ИД

Младата Јоана Палани, која ја напушти родната земја Данска за да се бори во Сирија против терористите од Исламска држава, откри какво било искуството борејќи се во таа земја.

За терористите вели дека било лесно да се убијат припадниците на Исламска држава, додека војниците на претседателот Асад биле вистински машини за убивање. 23-годишната Палани се борела на страната на Курдите една година, а во разговор за Vice откри какви ужасни работи видела таму, пишува Independent.

Уште првата ноќ загинал нејзин колега од Шведска, убиен од снајпер. Во текот на борбите пронашла голема група на дечиња кои биле сексуални робови на терористите во село покрај Мосул.

Во интервјуто таа вели дека никогаш нема да се покае што заминала да се бори за правда на курдскиот народ.

„Курдите се борат за демократија и западни вредности. Ако ме фатеа или убиеја, ќе бев горда“, вели девојката. Таа додава дека е лесно да се убијат терористите бидејќи тие ги жртвуваат своите животи, но војниците на АСАД се добро обучени и делуваат како посебни машини за убивање.

 

#shootingrange #training #kurdistan #feminism #freedom #peshmarga #serok

A photo posted by Joanna Palani (@joannapalani2) on

За децата кои биле пронајдени во Мосул вели дека биле сексуални робови на терористите. Меѓу нив имало 11-годишно девојче бремено со близнаци.

Кога младата студентка по политички науки и филозофија се вратила во Данска пасошот ѝ бил одземен од полицијата. Била спречена повторно да замине, поради новиот закон за „странски борци“ кој спречува данските државјани да се придружат на терористички групи. Сега живее во Копенхаген, каде студира.

Јоана има курдско потекло, нејзините родители се бегалци кои заминале за Данска за да живеат нормален живот.

„Би го дала животот за Европа, за демократијата, за слободата и правата на жените. Се чувствувам предадено од оние за кои бев подготвена да го дадам животот. Во Сирија ме чекаа жени кои ги обучував. Ми го зедоа пасошот за да ме спречат да се вратам, заканувајќи ми се со затвор“, открива девојката.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе