НБА 2024/2025

Светот им се восхитува: Адетокунбо и Вембанјама одиграа партии за паметење

Ноќеска се одиграа 11 натпревари во НБА, а целиот кошаркарски свет зборува за тоа што го направија Јанис Адетокунбо и Виктор Вембанјама.

Во победата на Милвоки Бакс над Детроит Пистонс од 127:120 по продолженија, Адетокунбо постави сезонски рекорд за сите играчи во НБА оваа сезона.

Одличниот нигериски Грк постигна дури 59 поени и со тоа го доведе својот тим до победата. Интересно, ова не е личен рекорд на Адетокунбо, со оглед на тоа што минатата сезона против Индијана Пејсерс постигна дури 64 поени.

Remote video URL

И додека Јанис не постигна личен рекорд, Вембанјама го направи тоа на исклучително импресивен начин.

Популарниот Вемби го одигра најдобриот натпревар во својата кратка, но спектакуларна кариера во победата на Сан Антонио Спарс над Вашингтон Визардс од 139:130.

Remote video URL

Чудесниот Французин постигна 50 поени, што е негов личен рекорд, а постигна и рекордни 8 тројки за само 32 минути на теренот.

Вембанјама со 20 години и 314 дена стана најмладиот центар во историјата на НБА кој постигнал 50 поени и најмладиот кој постигнал дури 8 тројки на еден натпревар.

Исто така, тој стана четвртиот најмлад кошаркар воопшто откако се игра НБА лигата кој успеал да постигне 50 поени. Како помлади од него тоа им успеа само на Девин Букер, Леброн Џејмс и Брендон Џенингс.

Покрај тоа, Вемби стана најмладиот играч во историјата на НБА со најмалку 50 поени, 5 тројки и 2 блокади.

Секако, не треба да се спомене дека стана и рекордер на Сан Антонио Спарс и најмлад играч во тимот кој постигнал 50 поени во натпревар со пет тројки.

Резултати:

Орландо Меџик - Индијана Пејсерс 94:90
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 114:139
Њујорк Никс - Чикаго Булс 123:124
Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс 106:88
Филаделфија 76ерс - Кливленд Кавалирс 106:114
Хјустон Рокитс - Лос Анџелес Клиперс 111:103
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 127:120 прод.
Сан Антонио Спарс - Вашингтон Визардс  139:130
Лос Анџелес Лејкерс - Мемфис Гризлис 128:123
Портланд Треил Блкејзерс - Минесота Тимбервулвс 106:98
Сакраменто Кингс - Феникс Санс 127:104

Табела:

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Кошарка

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Read more

Еден е Јокиќ!

Read more

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе