Гинисовата книга на рекорди официјално го призна Скот Брнер како носител на рекордот за најбрзо возење во рикверц во должина од една милја (1,6 км).

Брнер го постави рекордот на 15 јуни 2022 година во Боулинг Грин, патеката на Националниот музеј на Corvette, и тоа го направи со C7 Corvette.
Изборот на патеката беше важен затоа што за да го заработи светскиот рекорд, Брнер мораше да го предаде своето возило на независна трета страна на проверка, а исто така му требаше релативно рамен дел од патот за да се осигура правичноста на рекордот.
Даниел Декер, техничар за одржување и зачувување возила на NCM, ја исполни првата улога. Денис Смит од DDS Engineering, во меѓувреме, беше одговорен патеката да биде навистина рамна.
Брнер исто така мораше да ги ограничи сопствените вештини за да го заработи рекордот. Откако претходно возеше само четвртина милја наназад, мораше да ги држи рацете мирни една милја. Она што го направи рекордот уште потежок е тоа што тој мораше да го започне возењето со вртење во свиок.
Брнер почна да ги објавува своите напори за возење во рикверц во 2020 година, кога почна да снима YouTube видеа. Почнасо неговиот Nissan 370Z од 2016 година, во кој управуваше со 72 км/час, а потоа брзо премина на други автомобили. Моделот Corvette што го користеше за да го собори рекордот е со рачен менувач на брзини, бидејќи автоматските имаат ограничувач на брзината наназад, додека рачниот модел е едноставно ограничен со вртежи во минута на автомобилот.
Во текот на три тестови, со Corvette постави најдобро време од 75,18 секунди. Тоа изнесува просечна брзина од 72 км/час, но тој достигна максимална брзина од 85 км/час. Најимпресивно е што тој го собори претходниот светски рекорд за повеќе од 20 секунди.