Светот не е така страшно место, вели двојката што има посетено 33 земји

На 2 септември, 2015 година Џон и Ева Махони тргнаа на патување што завршува дури сега. Посетија 33 земји, а некогаш живееле и со помалку од 5 долари на ден.

Џон израснал во Труро, Канада и двајцата се сега таму во посета на семејството пред да се вратат дома во Москва.

„Научивме дека светот не е страшно место“, вели Ева за нивните патувања. „Во секоја земја каде што отидовме сретнавме прекрасни луѓе кои ни даваа превоз, а често и нѐ покануваа да престојуваме кај нив дома. Луѓето генерално се многу добри.“

Џон студирал руски јазик во Москва кога ја запознал Ева, која е Русинка, во ноќен воз од Санкт Петербург за Москва.

„Разговаравме цела ноќ и никогаш не престанавме“, вели тој низ смеа.

Се венчале во Труро во декември, 2014 година. Двајцата работеле, тој како наставник, а таа е доктор, па заштедиле пари за подолго патување низ светот.

Оделе автостоп, преспивале кај кауч-сурфери, биле канети на гости кај луѓе кои само што ги запознале, а еднаш дури и биле на нечија свадба.

Меѓу местата што ги посетиле се Египет, Монголија, Кина, Судан, Етиопија, Замбија, Намибија, Бразил, Аргентина, Чиле, Перу, Тајланд и Камбоџа. Се труделе да ги одбегнат ладните места за да можат да пешачат и да спијат во шатор.

Никогаш немале никакви проблеми, ниту пак се повредиле на каков било начин, иако патувале и по некои по малку страшни патишта, како планинските области во Индија каде земјиштето е лизгаво, а шоферите возат брзо.

Имаат канал на YouTube со повеќе од 40.000 следбеници, а со дел од нив се сретнале за време на нивните патувања. Каналот го водат главно на руски јазик.

Нивното патување во бројки:

800 денови на пат

103.112 поминати километри

11 ноќи поминати во шатор

27 ноќи поминати во автомобил

2 ноќи поминати во камион

33 ноќи поминати во хотели (од кои за 22 не платиле ништо)

170 домови каде биле поканети на гости

1.104 оброци што им ги дале странци (214 во ресторани)

645 возила што ги возеле автостоп (од кои 560 автомобили, 63 камиони, 8 автобуси, 13 мотори и 1 запрежна кола)

820 километри – најголема оддалеченост помината со еден возач (во Замбија)

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе