Светот се распаѓа, никогаш не било полошо

Војни и природни катастрофи принудија милиони да ги напуштат своите домови во 2021 година, а бројот на ВРЛ достигна рекордно високо ниво од речиси 60 милиони, според една студија.

Во 2021 година, бројот на раселени лица, луѓе кои ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во нивната матична земја, достигна 59,1 милиони, од кои повеќе од половина биле малолетни, според невладината организација IDMC (Центар за мониторинг на внатрешно раселување) и Норвешкиот совет за бегалци (NRC).

Од година во година тој број - а не ги вклучува бегалците, односно луѓето кои бегаат од катастрофи и војни во странство - постојано расте и се очекува нов рекорд во 2022 година поради руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

Минатата година беше втора со најголем број внатрешно раселени лица во последните десет години, по 2020 година, кога беше потврден рекордот на раселување поради елементарни непогоди.

„А 2022 година, според сите сметки, ќе биде уште потешка“ поради војната во Украина, предупредува директорката на IDMC, Александра Билак.

Според ОН, повеќе од осум милиони луѓе се раселени во Украина за два месеци од почетокот на руската инвазија.

„Ситуацијата во светот никогаш не била полоша“, вели генералниот секретар на NRC, Јан Егеланд, додавајќи: „Светот се распаѓа“.

„Ситуацијата денес е во реалноста многу полоша од бројката што ја прикажуваме. Светските лидери мора да вложат натприродни напори да го променат начинот на размислување за да ги избегнат и решат конфликтите и да го запрат овој брз раст на човечкото страдање“, предупредува тој.

Суб-сахарска Африка

Минатата година, најголемиот број внатрешно раселени лица беше потврден во субсахарска Африка (а многу од нив се преселиле повеќе од еднаш), од кои пет милиони се само во Етиопија, земја погодена од страшна суша и војна во 2020 година во провинција Тигре.

Невидени бројки беа потврдени во 2021 година и во Демократска Република Конго (ДРК) и во Авганистан, каде што враќањето на талибанците на власт и сушата принудија многу жители да ги напуштат своите домови. Во Мјанмар, каде војската ја презеде власта по пучот во февруари 2021 година, бројот на раселени лица исто така достигна рекордно ниво.

Спротивно на тоа, Блискиот Исток и Северна Африка имаа најниско ниво на раселување во изминатите десет години, бидејќи конфликтите во Сирија, Либија и Ирак стивнаа, иако вкупниот број раселени во регионот останува висок.

Така, Сирија сè уште има најголем број раселени лица поради војната - 6,7 милиони жители на крајот на 2021 година. Потоа следат ДРК со 5,3 милиони, Колумбија со 5,2 милиони и Авганистан и Јемен со по 4,3 милиони раселени лица.

Природни катастрофи

Иако бројот на раселени од војната е импресивен, природните катастрофи беа најголемата причина за внатрешно раселување во 2021 година кога имаше 23,7 милиони. Од нив, 94 отсто од раселените лица биле принудени да ги напуштат своите домови поради временски непогоди како урагани, поплави и суши, а овие феномени стануваат сè почести поради климатските промени.

Од внатрешно раселените лица, 70 проценти во 2021 година се регистрирани во Кина, Филипини и Индија. Но, се повеќе војни и природни катастрофи одат рака под рака, предупредува Егеланд. Во областите како Мозамбик, Сомалија и Јужен Судан во Африка и Мјанмар во Азија, кризите се преклопуваат и предизвикуваат несигурност во храната и ги прават милиони луѓе уште поранливи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе