Светска премиера: Audi A7 Sportback за 2018

Audi вчера преку олјан светска премиера ја претстави втората генерација на својата купе лимузина A7.

Новиот A7 има помодерен и подинамичен изглед на надворешноста во однос на претходникот, кој по седум години почна да покажува знаци на старост во поглед на дизајнот.

Одредени елементи како маската на ладилникот, фаровите и хаубата, дизајнирани се под влијание на концептот Audi Pologue, кој послужи како основа за новата генерација на најлуксузни имузини на германскиот прооизводител - А8, А7, а наскоро и новиот А6.

Силуетата на автомобилот е слична како на првата генерација, а голем новитет на задниот дел се стоп светлата во облик на LED лента која се протега по цела ширина на возилото.

На вратата од багажникот се наоѓа и интегриран спојлер кој автоматски се подигнува при брзини поголеми од 120 км/ч.

Разликите во однос на првата генерација се многу поголеми во кабината, која има значително помодерен дизајн, со помалку физички команди.

Наместо карактеристичниот дисплеј на допир кој во форма на таблет се наоѓаше на врвот од централната конзола, сега се поставени два екрани на допир, кои се вградени во централната конзола и се спуштени пониско, а со нивна помош се контролираат повеќето функции во автомобилот.

Audi A7 Sportback за 2018 располага со бројни најсовремени системи за асистенција на возачот, меѓу кои е и целосно автономниот систем за паркирање, на надворешни паркинг места или во гаража, како и за автоматско излегување од гаража.

Автомобилот е опремен со 5 радари, 5 камери, 12 ултразвучни сензори и ласерски скенер.

Новиот Audi A7 Sportback на почетокот ќе биде достапен исклучиво со 3.0 литарскиот TFSI V6 турбо бензинец со моќност од 340 КС и 500 Nm.

Моторот е поврзан со седумстепен S Tronic автоматски менувач кој овозможува автомобилот од 0 до 100 км/ч да забрзува за 5,3 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Набргу по почетокот на производството, освен овој мотор достапни ќе бидат цела палета бензинци и дизели.

Audi A7 Sportback ќе почне да се продава од февруари, а во Германија цената ќе почнува од 67.800 евра.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе