Светската премиера на третата генерација купе лимузина CLS се одржа на Саемот за автомобили во Лос Анџелес. Mercedes ги откри техничките детали на овој автомобил што ќе стигне на европскиот пазар во март, 2018 година.
Во почетокот на неделата прво „се појавија“ фотографии на интернет од новиот CLS, а сега е позната и моторизацијата на овој модел, како и други технички детали.
Во суштина, тоа е вообичаено за сите модели чија претходна генерација имала складен дизајн по кој била препознатлива, а новиот ја има тешката задача да ја продолжи таа традиција и истовремено да биде свеж и модерен.
Времето и резултатите од продажбата на новиот CLS ќе покажат дали Mercedes успеал во намерата да го осовремени автомобилот, без да направи суштински промени на неговиот карактер и позиција на пазарот.
Кога станува збор за внатрешноста, автомобилот е опремен со широки дисплеи што имаат двојна функција: левиот е замена за класичната инструмент табла, а десната го опслужува мултимедијалниот систем на CLS.
Од Mercedes велат дека оваа конфигурација е опционална, што значи дека на купувачите ќе им биде понудена и конвенционална инструмент табла.
Ентериерот на новиот CLS го украсуваат и амбиентални светла што можеби нема секого да одушеват. На располагање се 64 различни нијанси на ова осветлување што сјае дури и о вентилациските отвори.
Интересен детаљ е тоа што светлото менува бои во согласност со промената на температурата во клима-уредот: кога е поладно свети сино, а кога е потопло, црвено.
Важно е да се додаде дека CLS е вистински функционален петтосед, задното седиште може да се дели во сооднос 40/20/40, а капацитетот на багажникот е 520 литри.
Новиот модел презеде добар дел од современите технологии на најлуксузниот Mercedes S класа. На располагање се бројни системи за асистенција што се дел од стандардната опрема и што го прават возењето побезбедно и поудобно, како Active Brake Assist, Lane Keeping Assist, Attention Assist, Speed Limit Assist, PRE-SAFE.
Во опционалните технологии се вбројуваат: Driving Assistance пакетот што ги содржи системите Active Distance Control, Active Steering Assist, Active Speed Limit Assist, Active Brake Assist, Evasive Steering Assist, Active Blind Spot Assist, Active Lane Keeping Assist и PRE-SAFE Plus.
Автомобилот има комплет LED фарови, вклучувајќи ги долгите LED ветла што го осветлуваат патот на далечина од над 650 метри пред возилото.
За почеток, на купувачите на третата генерација Mercedes CLS ќе им бидат достапни три мотори: два дизел и еден бензинец.