Светски ден на хепатитис: Превенцијата клучна за спречување на пренесување на вирусот

Скопје, 28 јули 2020 (МИА) – Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел подигнување на свесноста за глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба.

– Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц. Во државава во 2019 година регистирани се 91 заболен од Хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи, соопшти Министерството за здравство.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) годишно 171.000 лица умираат од последици поврзани со вирусен хроничен хепатитис Б или Ц. Во земјава еден отсто од населението е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц.

Вирусен хепатитис претставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни видови на вируси на хепатитис – А, Б, Ц, Д и Е. Иако клиничката слика на вирусниот хепатитис е слична независно од причинителот (пожолтување на кожа и склери, болки во стомак, тежина под десен ребрен лак, гадење, повраќање, губење на апетит, замор, темна мокрача) тие се различни вируси кои даваат спрецифични одлики кај поединечните хепатитиси во начинот на пренесувањето, различни дијагностички тестови, исходот на болеста, лекувањето и превенцијата.

Хепатитис А и хепатитис Е, се вели во соопштението, обично се шират преку директен контакт и преку храна или вода загадени од столицата на заразено лице. Хепатитис Е може да се добие и со јадење недоволно термички обработено месо. Хепатитис Б, хепатитис Ц и хепатитис Д се шират преку контакт со крвта на заразено лице, а хепатитисот Б и Д и преку контакт со други телесни течности.

Постојат многу начини на пренесување преку контаминирана крв или крвни продукти, контаминирани игли случајно кај здравствени работници и кај и.в. наркомани, тетоважа, незаштитен секс, при породување од мајка на новореденче.

– Вирусите на хепатитис А и Е обично предизвикуваат само акутни и краткорочни инфекции кои најчесто спонтано поминуваат. Вирусите на хепатитис Б, Ц и Д може да предизвикат акутни и хронични, па и трајни инфекции. Хроничниот хепатитис може да доведе до компликации како што се цироза, слабост на црниот дроб и хепатоцелуларен карцином. Раната дијагноза и антивирусна терапија може да ги спречи или намали можностите за развој на овие компликации, наведуваат од Министерството.

Хепатитис А и Е најдобро може да се превенираат со добра лична хигиена (миење раце со вода и сапун), соодветна хигиена на храната и водата за пиење, подобрување на санитарните услови. Хепатитис Б и хепатитис Ц може да се превенираат со засилени мерки на грижа кај професиите со висок ризик и сексуалното однесување (употреба на кондоми). Не треба да се делат предмети од инфицирани лица. Многу важен поединечен фактор на ризик посебно за хепатитис Ц е интравенската злоупотреба на дрога каде е потребна едукација да не се користат заеднички игли.

Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните пет до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70 отсто.

Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатист Б пак е превентивна вирусна инфекција што може да се третира доколку стане хронична.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опасност по животот на пациентот.

За Хепатитис А и Хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе