Светски ден на науката – Најзначајни научни сознанија во 2020 година

Она што од научен аспект ја обележа 2020 година сигурно е трката во откривање на вакцина против коронавирусот од кој досега починаа над милион луѓе. Вакцината се очекува да помогне да се запре пандемијата на COVID-19, што од март го окупира целиот свет.

Во оваа трка се вклучија многу земји, при што цели тимови настојуваат истражувањата, што вообичаено траат по неколку години, да ги завршат во многу покуси рокови и на светот да му испорачаат „спас“ и за човечките животи и за економиите кои болеста ги „фрли на колена“.

И додека се очекува појавата на многу спомнуваната вакцина на Оксфорд и AstraZeneca која е во трета фаза на испитувања и се најавува дека на крајот на декември или почетокот на јануари ќе се најде на пазарот, како силен зрак надеж одекна информацијата која ја објавија американскиот производител на лекови Pfizer и германската компанија Biotech дека имаат ветувачки рани резултати во третата фаза од тестирањето на нивната вакцина. При 94-те случаи на коронавирус меѓу учесниците во испитувањето, вакцината била со над 90-отстотна успешност по седум дена од примената втората доза. Според најавите, со производство на вакцината ќе се почне по добивање одобрение од ФДА, а се проценува дека тоа ќе биде до крајот на годинава. По објавата на оваа вест акциите на Pfizer скокнаа дури 15 отсто.

Сепак, и покрај новонастанатите состојби со пандемијата, науката во 2020 година не мируваше туку беше фокусирана на повеќе други насоки. Иако многу нови возбудливи откритија беа ставени во сенка на главниот проблем на човештвото во овој миг, сепак тие во иднина ќе добијат своја вистинска валоризација. Затоа и заслужува да се спомнат денес, на 10 ноември – Светскиот ден на науката што беше воспоставен на Светската конференција за наука во Будимпешта во 1999 година, со цел да се сврти вниманието кон потребата од нова врска помеѓу науката и општеството.

Светскиот ден на науката укажува на важната улога на науката во општеството и потребата од вклучување на пошироката јавност во дебатите за значајни проблеми од областа на науката. Поврзувајќи ги науката и општеството, Светскиот ден на науката има за цел да обезбеди граѓаните да бидат свесни за развојот на науката. Исто така, ја нагласува улогата што ја играат научниците во ширењето и разбирањето за светот и исклучително кревката планета што ја нарекуваме Земја и овозможува создавање на подобри можности за опстанок на нашето општество.

Универзална вакцина против грип

Новата вакцина на некој начин ја стави во втор план работата на откривање универзална ваквина против грип, што ќе обезбеди долготрајна заштита од кој било вид грип. Научниците веќе утврдија дека некои делови од вирусот на грипот постојано се менуваат, додека други остануваат претежно непроменети од година во година. Токму затоа сите приоди кон универзална вакцина против грип се насочени кон делови на вирусот кои се помалку варијабилни и веќе има ветувачки кандидати. Израелската компанија BiondVax, моментално се наоѓа во трета фаза на испитувањата, што е напредно ниво на истражување кое испитува дали вакцината навистина е ефикасна – што значи дека штити од инфекција од секаков вид грип. Во испитувањата веќе се опфатени повеќе од 12.000 лица, а резултатите се очекува да бидат познати на крајот на 2020 година. Оваа година и Националниот институт за алергија и инфективни болести (НИАИД) го започна првото испитување на човекот на универзална вакцина против грип.

Google DeepMind

Почетокот на 2020 година го означи едно големо достигнување во областа на онкологијата. Истражувачите ги искористија технологиите кои потекнуваат од алгоритмот Google DeepMind. Користејќи ги своите технолошки можности, медицинските стручњаци изнајдоа начин да вградат вештачка интелигенција. Овој технолошки напредок би овозможил поуспешно откривање на рак на дојка. Иако е потребно многу повеќе, да се постигне за да се решат сите проблеми што се однесуваат на онкологијата, технологиите на Google прават голем чекор. Во таа смисла, дури и скептиците веруваат дека најавената употреба на алгоритмот DeepMind во 2020 година е ветувачка пресвртница.

Neuralink на Елон Маск

На 28 август пронаоѓачот Елон Маск го претставување својот нов амбициозен проект наречен Neuralink. Тоа е компанија за невротехнологија која има за цел да развие прогресивни интерфејс-додатоци за врската мозок – машина. Широкиот спектар на апликации на овие уреди е далекусежен, што ја прави презентацијата една од најпознатите футуристички настани за оваа 2020 година.

Основната намена на овие уреди е да го поврзат човечкиот мозок со интуитивниот интерфејс на машината. Ова во суштина ќе овозможи напредок во медицинската дијагностика и следење на здравјето, како и активности за следење состојби инаку невидливи за постојните машински уреди. Neuralink е систем што веќе ја потресе Земјата во 2020 година, додека идните надградби несомнено ќе ѝ помогнат на поголемата цел. И покрај тоа што се забележуваат одредени етички недоречености за употребата на уредите на Neuralink, презентацијата пред пошироката јавност беше дефинитивно настан што вреди да се спомне.

Постигнувањата на НАСА

НАСА, како институција, произведе десетици пронајдоци во 2020 година, што овозможи да напредува целокупниот мониторинг. Од сите објавени извештаи и достигнувања, примената на математичкото моделирање беше меѓу најинтересните одлики. Како што откри американската Национална воздушно-вселенска администрација, егзопланета со океани може да биде вообичаена и честа појава ширум галаксијата Млечен Пат.

Ова откритие, поткрепено со цврсти докази добиени со математичко моделирање измислено во 2020 година, беше меѓу најимпресивните достигнувања во последните неколку години. Дури беше наведено дека персоналот на НАСА не можел да замисли присуство на егзопланети половина година пред да започнат со примена на споменатите алатки. Ова достигнување може да биде од мала важност за нашиот живот во 2020 година. Сепак, идниот напредок може да открие уште повеќе сознанија во врска со присуството на други објекти во нашата галаксија.

IQOS – производ за пушачи

Токму на Светскиот ден на науката, кој ги поврзува науката и општеството и укажува на важноста на науката во секојдневниот живот, неизбежно е да се спомене и одлуката која, иако донесена во време кога светот е преокупиран со COVID-19, е многу важна не само за над милијарда возрасни пушачи, туку и за јавното здравје во целина. На 7 јули Агенцијата за храна и лекови (ФДА) на САД донесе одлука да го стави IQOS-системот за загревање на тутунот, во категоријата на производи со модифициран ризик. Оваа одлука беше донесена по повеќе од 3 години проучување на милиони страници научна документација која компанијата Philip Morris, производителот на овој уред, ја достави до ФДА во 2016 година.

Ова може да биде значаен чекор напред за сите возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите. Примерот на Шведски SNUS, можеби најдобро може да го потврди тоа, бидејќи оваа скандинавска земја денес е земја со најмал број заболени од рак на белите дробови и со најмал процент на пушачи во Европа, и во неа бројот на уживатели на цигари е намален на само пет насто.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе