Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија.

Викендот на гордоста е фестивал за квир култура, уметност и теорија што создава простор за промоција на ненормативните форми на светообразување, односно, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст се обележани како квир, ексцентрични и неуспешни.

Темата на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, непријатноста, чудното, – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Фестивалската програма започнува на 5 јуни во 19 часот во МСУ, со предавање на Сара Ахмед, на тема „Смарањето (Killing Joy) како квир проект“.

Вечерта ќе заврши со концертна промоција на новиот албум на СВЕТЛОСТ, насловен Everything Was As It Had Been a Minute Ago, која ќе започне во 21 часот на платото на МСУ. Овој настап, во соработка со Светлост и PMGJazz, ќе биде официјална промоција на албумот, издание на PMGJazz.

Сара Ахмед е независна феминистичка истражувачка и теоретичарка која работи на пресекот меѓу феминизмот, квир студиите и студиите за изучување на расите и е позната по испитувањето на моќта во секојдневниот живот и институционалните култури. Ахмед е позната по нејзините теоретски и истражувачки дела, како што се: Complaint! (2021), What's The Use? On the Uses of Use (2019), Living a Feminist Life (2017), Willful Subjects (2014), On Being Included: Racism and Diversity in Institutional Life (2012), The Promise of Happiness (2010) и Queer Phenomenology: Orientations, Objects, Others (2006).  Антологиско дело, The Cultural Politics of Emotion, во кое ги проучува општествената димензија и циркулацијата на емоциите, претставува фундаментално четиво во афективната теорија во зародиш.

 СВЕТЛОСТ се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составено од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника), препознатливи по спонтаниот уметнички израз и наджанровската естетика, и едни од најзначајните чинители на современата креативна сцена. На почетокот на тековната 2024 година се регрупираат со избистрен фокус и го создаваат најдлабокиот уметнички материјал досега, под името Everything Was As It Had Been A Minute Ago, инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можностa за општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни и давидовска борба против голијатската капиталистичка машина. Овој настап, во соработка со Светлост и PMGJazz, е официјална промоција на овој албум.

Фестивалскиот постер, програма и зборник може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Се реализира во партнерство со Медуза, ТрансФормА, Локомотива и Тииит! Инк., а блалгодарение на несебичната поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Heinrich Böll Stiftung, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација Отворено Општество Македонија, Friedrich Ebert Stiftung, Француската амбасада во Скопје и International Trans Fund.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Култура

На 16 јули започнува балканскиот етно фјужн фестивал Локум фест-музика и традиција 2025

Read more

Утре почнува фестивалот Охридско лето: Ќе го отвори американската пијанистка Клер Хуангчи со македонската филхармонија

Read more

Фестивалот на медитерански и балкански филм Преку езерото од 7-12 август во Дојран

Read more

Изложба на фотографии на Виктор Трајковски во Куманово

Read more
 

Вести

НАТО би можел да го освои руски Калининград незамисливо брзо, вели американски генерал

Читај повеќе

Француската војска по повеќе од два века се повлече од Сенегал

Читај повеќе
  • filter

Охридско Езеро крие древна тајна: Ова откритие менува сè што знаеме за Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски потврди: Преговарам за мегадоговор со Трамп, ова е пресвртница

Читај повеќе
  • filter

Ла Ниња се враќа: Дали нè очекува екстремна зима?

Читај повеќе

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе