Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Истрагата против аргентинскиот репрезентативец и десниот бек на Нотингем Форест, Гонсало Монтиел, продолжува.

Сега му е наредено да биде подложен на психијатриска евалуација поради наводите дека силувал модел на неговата роденденска забава во 2019 година.

Тој ќе мора да се врати во Аргентина, а на 27-годишниот победник на Мундијалот ќе му биде направена психијатриска евалуација.

Монтиел, кој всушност е позајмен играч на Севиља во Форест, ги негира сите обвинувања, а својата невиност ќе треба да ја докаже на суд на 17 и 20 септември во Буенос Аирес. Неговиот пријател Алексис Акоста, кој исто така е обвинет за истото дело, ќе помине низ истата евалуација и ќе сведочи, но порано, на 2 и 5 септември.

Гонсало Монтиел е роден на 1 јануари, па неговата роденденска забава беше комбинирана со новогодишната прослава. Жртвата тврди дека пред сексуалниот напад од десниот бек била дрогирана, а потоа и групно силувана. Според нејзиното сведочење, роднини и пријатели на фудбалерот ѝ се заканувале. Кога сè се случи, Монтијел сè уште беше фудбалер на Ривер Плата, каде што израсна, а во 2021 година се пресели во Севиља. Минатиот месец се појави видео на кое жртвата вели:

„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител беше Гонсало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство. Беше прослава за неговиот роденден и ме покани дома. Се запознавме, а потоа ме издрогираа додека не изгубив свест. Тоа е докажано во текот на истрагата, и дека врескав за време на забавата. Гонсало ме силуваше. Долго време барав адвокати бидејќи никој не сакаше да оди со мене на суд, сите сакаа да се спогодам“, рече таа во видеото.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Read more

Фудбал

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Read more

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Read more

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Read more

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Read more
 

Спорт

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе