Кога технологијата ги има работите во свои раце

Светско фудбалско првенство за роботи

Паралелно со одржувањето на Светското првенство во Русија, во Монтреал се одржува и последното издание на RoboCup – Светско првенство во фудбал за роботи. Во него учествуваат 5.000 роботи од 35 земји низ светот кои се борат за освојување на трофејот за најдобар фудбалски тим составен од роботи. Навистина уникатно.

Ако сакате да дознаете до каде е стигната роботиката, не треба да одите подалеку од Монтреал.

Роботите се очајно лоши во фудбал. Тие не знаат да дриблаат како Меси, не можат да трчаат брзо како Роналдо и не скокаат високо како Серхио Рамос. Баш напротив, многу често откако ќе ја шутнат топката паѓаат на земја како покосени. Но тоа не ги спречува нивните креатори да продолжат да ги прават понапредни и секоја година да се враќаат во Монтреал на ново одмерување на силите помеѓу националните селекции.

На RoboCup натпреварувањето учествуваат 35 земји, 5.000 роботи и 4.000 луѓе кои се одговорни за нив. Некои од роботите личат на некоја детска играчка, додека други потсетуваат на Терминатор без кожа и со темно-црвени очи. Ова е веќе 22-ро издание на RoboCup и тоа започна да се одржува во 1996 година.

„Луѓето ќе речат ‘биди доктор или адвокат – работи нешто вистинско’. Сега, сите знаат дека роботите се нашата иднина и дека ние ќе заработиме многу повеќе пари од докторите и адвокатите“, рече претседателот на RoboCup федерацијата, Даниел Полани, кој е професор по вештачка интелигенција на Универзитетот од Херфордшир.

Во последните неколку години, RoboCup натпреварувањето се прошири во неколку категории кои имаат директна врска со намената на роботите во вистинскиот живот. Така на пример, сега постои логистичка лига, лига за домашни роботи и лига за роботи за работа.

Помеѓу победниците во овогодинешниот турнир се најде екипата на Robot Soccer Ichiro од Институтот за технологија од Сурабаја. Тие освоија најмногу медали и се истакнаа како победници во повеќе категории, како RoboCup фудбал, Најдобар хуманоиден робофудбал и слично.

Со напредокот на технологијата, роботите стануваат многу слични на луѓето и почнуваат да ги совладуваат дури и потешките задачи кои ги правиме ние. И додека тие се и понатаму многу лоши во фудбал, тоа не значи дека роботите не учат ништо со тоа што „спортуваат“. Преку машинско учење, тие веќе разбираат како треба да се движат во простор и што треба да направат кога топката ќе дојде кај нив, па затоа е само прашање на време кога ќе го совладаат овој спорт.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе