Светското првенство низ бројки - 169 причини за возбуда

Со триумфот на новиот светски првак Франција над Хрватска, вчера официјално заврши еден од највозбудливите Мундијали во историјата. Само еден натпревар заврши без голови, покажани се само четири црвени картони, па со право можеме да кажеме дека зад нас е едно многу интересно Светско првенство, за кое допрва ќе се зборува.

Во моментот, во кој „Триколорите“, ја потврдија глобалната доминација и во моментот кога започна големата прослава на стадионот „Лужнјики“ во Москва, односно со последниот свиреж на судијата Питана, беше означен крајот на турнирот кој понуди се она што фудбалот го прави најпопуларниот спорт на планетата.

Бевме сведоци на спектакуларни натпревари со многу голови (Португалија-Шпанија, Франција-Аргентина), меѓу другото, видовме и како Сенегал е елиминиран поради бројот на жолти картони, како судиите за прв пат на Мундијалот користат ВАР технологија и уживавме во тоа само еден меч да биде завршен без голови (Франција-Данска).

Уште многу долго ќе ги сумираме впечатоците од Светското првенство, а тоа ќе биде уште поинтересно преку следење на следниве бројки.

Голови, автоголови, пенали

На овој Мундијал се видени 169 погодоци на 64 натпревари.

Тоа е просечно по 2,64 гола по натпревар, со што навистина е интересно дека во финалето беа постигнати дури шест гола и дека во Москва е одиграно најефикасното финале уште од 1966 година. Разликата во однос на тој меч, кој се одигра помеѓу Англија и Германија, е тоа што тогаш резултатот исто така беше 4:2, меѓутоа после продолженијата.

Ако ги гледаме само 90 минути од борбата за најважниот трофеј, тогаш московското финале е најефикасното уште од 1958 година, кога Бразил ја совлада Шведска.

Во Русија фудбалерите шутираа вкупно 1.623 пати, што е 75 обиди помалку отколку во Мундијалот во Бразил, од пред 4 години. Вкупно имаше 506 удари во рамките на голот, што е 82 удари помалку, отколку во Бразил.

Во Русија вкупно видовме 59.225 додавања, што е дури 4.460 повеќе отколку во Бразил.

После турнирот во Русија, ќе остане и податокот дека дури 43 отсто од головите беа постигнати после прекини. Вкупно 73, што е исто така најмногу уште од Мундијалот во 1966 година, што придонесе за уште повозбудливи натпревари, а тоа го покажува и фактот дека дури девет победоносни голови беа постигнати во 90 минута или подоцна.

Сепак, сите стрелци не ги славеа головите, бидејќи забележани се 12 автогола, заклучно со несреќниот автогол со глава на Манџукиќ во самото финале. Неговиот соиграч, Иван Перишиќ, на истиот натпревар го направи и последниот 29 пенал на Мундијалот, а Французинот Антоан Гризман, го постигна 22 гол од белата точка на ова Светско првенство.

Значи, вкупно имаше 29 пенали, од кои 22 беа реализирани.

Најмногу постигнати погодоци, Белгија - 16

Најмногу примени погодоци, Панама - 11

Најголем посед на топката имаше Шпанија - 74,1%

Најмалку посед на топката имаше Иран - 26,5%

Највозрасен тим - Исланд (во просек 30 години и 149 дена)

Најмлад тим - Нигерија (25 години и 62 дена)

Голгетери

Приказната за индивидуалните успеси, како и секогаш, тргнува од најдобриот стрелец, Англичанецот Хари Кејн, кој постигна шест голови, од кои три од пенали. Второто место го делат дури петтина играчи, кои постигнаа по четири гола (Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Ромелу Лукаку, Денис Черишев, Килијан Мбапе), а интересно е дека Гризман го следи Кејн во бројот на голови од пенали (три) и во тоа што сите четири гола на турнирот ги даде со една нога (лева), како што Англичанецот четири од своите шест ги даде со десна.

Стрелецот на најмногу голови со глава (три), не е ниту напаѓач, ниту играч за врска, туку дефанзивецот на Колумбија, Џери Мина.

Најмногу удари кон противничкиот гол упати Бразилецот Нејмар, а тој е воедно и играчот кој најчесто шутираше во рамките на голот (13 пати).

Најмногу удари кон противничкиот гол, покрај Нејмар, упатија и Хрватот Иван Перишиќ (22) и Бразилецот Фелипе Кутињо (22), а надвор од рамките на голот најмногу шутираше исто така Иван Перишиќ (13), пред напаѓачот на Франција Оливие Жиру (10), кој го одигра целиот турнир без удар во рамките на голот.

Жиру помина повеќе од 8 часа на теренот и го заврши турнирот без удар во рамките на голот.

И покрај тоа, правеше други работи на теренот, кои очигледно Дешамп ги ценеше, па вчера стана Светски првак.

Кристијано Роналдо, стана најстариот стрелец на хет-трик во историјата на Светските првенства со 33 години и 130 дена, а станува збор за натпреварот Португалија-Шпанија, кој заврши со 3:3.

Белгија имаше 10 различни стрелци, со што изедначи рекорд на Франција од 1982 година и на Италија од 2006 година. Голови за Белгија на ова Светско постигнаа: Лукаку (4), Азар (3), Фелаини, Вертонген, Чадли, Мертенс, Де Брујн, Муние, Батчуаи, Јанузај - по еден).

Најмногу голови на турнирот постигнаа играчи на ПСЖ (13), следуваат играчи на Тотенхем со 12, Барселона со 11, Реал Мадрид со 10, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед - со по 8 гола.

Официјално, најдобар играч на Мундијалот е Хрватот Лука Модриќ, кој го одбележа турнирот и поради фактот дека одигра убедливо најмногу минути - 694.

Инаку, најмногу спринтови имаше Хрватот Иван Перишиќ, 357, а прв до него е Белгиецот Томас Муние со 287, па Анте Ребиќ од Хрватска со 282.

Тројца Хрвати ги заземаат местата и во категоријата на играчи кои најмногу истрчаа на овој Мундијал. На прво место е Перишиќ со 72,54 километри, следува Иван Ракитиќ со 72,51, па Лука Модриќ со 72,30 истрчани километри.

Најмногу фаули

Ако го разгледуваме и непопуларниот дел од играта - прекршоците, можеме да кажеме дека Хрватот Анте Ребиќ беше најгрубиот, бидејќи направи вкупно 21 фаул. Русинот Александар Головин е на второто место со 16 фаули, па Аргентинецот Хавиер Маскерано со 15 прекршоци.

Меѓутоа, генерално гледано, никако не можеме да кажеме дека Мундијалот во Русија беше груб, бидејќи беа досудени само четири црвени картони. Две исклучувања беа предизвикани со втор жолт картон (Германецот Жером Боатенг и Русинот Игор Смолјников) и само двајца играчи добија директни црвени картони - Колумбиецот Карлос Санчез и Швајцарецот Микел Ланг.

Најчесто фаулиран играч беше Белгиецот Еден Азар (28 фаули), пред Нејмар (26) и Ракитиќ (20).

Најдобри и најлоши голмани

Потребно е да им посветиме внимание и на голманите, бидејќи тоа навистина го заслужија, иако во финалето не блескаа ниту Французинот Хуго Лорис, ниту пак Хрватот Даниел Субашиќ.

Најмногу одбрани на Мундијалот забележа Белгиецот Тибо Куртоа (27), а втор на оваа листа е Мексиканецот Гиљермо Очоа, со 25 одбрани на само четири натпревари, што значи дека одигра три меча помалку од лидерот во оваа табела.

Негативен рекорд на овој Мундијал, на општо изненадување, постави Шпанецот Давид Де Хеа, кој забележа само една одбрана на четири натпревари.

Процентуално, најуспешен беше Данецот Каспер Шмајхел, бидејќи на четири меча оствари 21 одбрана и спречи 91,3 отсто од топките кои одеа кон неговата мрежа.

Неговиот херојски настап во мечот против Хрватска и трите одбранети пенали, сепак не беа доволни Скандинавците да ја спречат Хрватска на патот до историското учество во финале.

Ќе ја заокружиме приказната со истакнувањето на лидерите во статистиката по тимови.

Имено, најмногу голови на Светското првенство постигна Белгија (16), најмногу напади изведе Англија (321), најмногу комплетирани додавања исто така оствари Англија (3.336), а најдобро се бранеше Хрватска (272 одбиени топки и одбрани).

И овој податок покажува дека избраниците на Златко Далиќ дадоа и многу повеќе од својата реална сила, но на крајот сепак му честитаа на најдобриот тим - Франција, која втор пат во историјата дојде до трофејот од Светското првенство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе