Пред 22 години за време на Ел Класико, беше снимен моментот во кој Луис Фиго, дотогаш легенда и идол на навивачите на Барса, стана предавник кој беше гаѓан со свинска глава. Многу слични сцени беа снимени во Саун Пауло.
Да потсетиме дека во летото 2000 година Фиго потпиша за Реал Мадрид за 62 милиони евра и со тоа стана заколнат непријател на сите на Камп Ноу. До летото 2005 година одигра 239 натпревари за Реал и постигна 57 гола, со седум освоени трофеи, а Барселона никогаш не му го прости предавството.
Секогаш кога тој пристигнуваше со Реал на Камп Ноу, навивачите фрлаа по него со разни предмети, а се памети историскиот меч од 2002 година на кој на тревникот од трибините беше фрлена свинска глава наменета за Португалецот.
Свинска глава се најде и сега, на теренот на мечот во Бразил меѓу Коринтијанс и Палмеирас (2:0).
Свинската глава беше фрлена кон Рафаел Веига додека тој изведуваше корнер. Јуриј Алберто тргна да ја отстрани од теренот со нога и за малку не се повреди во тој процес.
„За малку ќе ја скршев ногата. Мислев дека е перница“, рече тој.
Meanwhile in Brazil, a real pig's head was thrown onto the pitch during Corinthians-Palmeiras. 😳🐗🇧🇷pic.twitter.com/Amz88F4cAV
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 5, 2024
Во овој случај, свинската глава нема никаква врска со „предавство“ на играчот, туку со тоа што навивачите на Коринтијанс ги нарекуваат „свињи“ приврзаниците на Палмеирас. Овој прекар влече корени од 1976 година, кога тогашниот претседател на клубот Вадих Хелу ги опиша ривалите на тој начин, откако тие одбија да го одложат натпреварот по смртта на двајца фудбалери на Коринтијанс. Во следниот натпревар, Палмеирас пушти свиња на теренот. Свињата беше нивна маскота до 1986 година.