Свински котлети во сос од мед и лук

Вкусен рецепт за сочни свински котлети со мед и лук со карамелизирани рабови кои се подготвуваат и за помалку од 15 минути. Нема потреба од маринирање на месото, а подготвено на овој начин сепак ќе биде сочно.

Доколку сте во потрага по некој нов рецепт за месо, завршете ја потрагата. Овој рецепт за свински котлети со мед и лук е толку едноставен што нема да верувате кога ќе биде готов. Нема потреба за маринирање, овој рецепт е неверојатно брз и вкусен. Најдобриот дел се крцкавите и карамелизираните рабови. Свинските котлети во сос од мед и лук на вашата трпеза ќе бидат за само 15 минути.

Потребни состојки:
  • 4 свински котлети (со или без коски)
  • 1 лажичка лук во прав
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица несолен путер
  • 6 чешниња лук
  • ¼ шолја мед
  • ¼ шолја вода (или пилешки булјон)
  • 2 лажици оцет
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Непосредно пред готвење котлетите зачинете ги со сол, бибер и лук во прав. Загрејте масло во тава. Пржете ги котлетите од двете страни додека не добијат златна боја (околу 4-5 минути за секоја страна). Префрлете ги во чинија. Намалете ја температурата на ринглата. Во истата тава растопете путер, додадете толчен лук и динстајте додека не замириса. Додадете мед, булјон и оцет. Зголемете ја температурата на средносилна и нека се крчка додека сосот не се намали и малку згусне, со повремено мешање. Вратете го месото во тавата, обилно прелијте го со сосот и пржете уште две минути. На крајот украсете со магдонос и послужете со варен ориз, пекарски компир или свежа салата.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе