Свршеницата на Роналдо конечно откри детали за нивната врска

Свршеницата на најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо и мајка на неговото најмало дете, за прв откри детали за нивната врска пред јавноста.

Иако имаше гласини дека ѝ бил неверен за време на бременоста, Георгина Родригез верува дека меѓу Роналдо и шпанската старлета немало ништо.

22-годишната Георгина од 2016 година е во фокус на јавноста.

Откако ја призна нејзината врска со Роналдо, таа престана да работи во продавница во Мадрид. Почна да работи како модел и сними неколку едиторијали, но сето тоа беше со краток век бидејќи за кратко време забремени.

Откако ја роди ќерката Алана Мартина таа вели дека не планира да работи, туку да се посвети на мајчинството.

„Одвај се договоривме за името на бебето. Тој сакаше да се вика Алана, а јас го сакав името Мартина, па се договоривме да ги споиме“, изјави таа за шпанското списание „Hola!“.

„Децата се наша најголема радост. Кога ќе станеме од спиење веднаш ги гушкаме и ги бакнуваме“, откри Георгина и додаде дека откако им се родило нивното заедничко дете, таа и Кристијано се уште посреќни и позаљубени.

Така таа го опишува нивниот однос, што според неа, ѝ ја вратил вербата во љубовта.

За сѐ останато таа вели дека се непроверени гласини што кружат околу најдобриот фудбалер на сите времиња.

Георгина со приказната за нивната љубов „ја затвори вратата“ за сите прашања околу сексуалната ориентација на Роналдо. Гласините за него се движат од една крајност во друга: дека е ноторен женкар до тоа дека е геј.

Се спомнува и моделот Ирина Шајк која беше во врска со него пет години, а за која се шират гласини дека ѝ плаќал за да му „глуми девојка“. Роналдо претходно со сурогат мајки ги доби синот Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе