Чек дис аут

Сврти го другиот образ: Турнир во шамарање

21. март 2019 - 16:41 | К.З.

Како дел од сиберискиот спортски фестивал Super Power Show, во градот Краснојарск (Сибир, Русија) се одржа првиот официјален турнир во удирање шамари. А во него, мажите имаа задача да си удираат силни шамари додека едниот не се откаже или не биде дисквалификуван.

Само висока пречка во вид на кутија стои помеѓу двајцата натпреварувачи, кои имаат право да ја користат пречката за да земат сила и да одржуваат рамнотежа.

За разлика од останатите фул-контакт спортови, во натпреварот во врзување шамари натпреварувачите не смеат да ги блокираат противничките удари, туку мораат да ја почувствуваат јачината на секој удар.

Победникот на турнирот, Василиј Камотски (лево во видеото подолу), си замина дома со парична награда од 30.000 рубљи (470 американски долари).

Сличен натпревар се одржа минатата година на саемот Power Expo, кој е во организација на популарниот билдер и стронгмен, Кирил Саричев.

Коментирај