СЗО: COVID-19 е јавен непријател број 1

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус ширум светот двојно се зголеми изминативе шест недели и сега изнесува над 13 милиони.

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата со COVID-19 ќе се влоши ако не се почитуваат докажаните мерки за превенција.

„COVID-19 и понатаму е јавен непријател број 1, но постапките на многу влади и луѓе не се показател за тоа. Не треба да биде вака. Секоја влада, секој лидер и секој човек може да го направи своето во прекинувањето на синџирот на зараза и да се стави крај на колективното страдање“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека многу земји се движат во погрешен правец кога станува збор за мерките за спречување на ширењето на заразата со коронавирусот.

Тедрос рече дека нема знаци на забавување на ширењето на болеста, а како доказ за тоа го наведе двојното зголемување на вкупниот број на заразени од почетокот на јуни досега.

Додаде дека новите случаи се во пораст таму каде не биле спроведени препорачаните мерки за превенција и предупреди дека земјите кои применуваат само дел од мерките „имаат долг пат пред себе“.

„Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење на контактите. Не само носење маски. Туку сѐ одеднаш“, рече директорот на СЗО и ги повика сите земји сеопфатно да пристапат во борбата против вирусот.

„Мораме да научиме да живееме со овој вирус“, рече д-р Мајк Рајан, директор за вонредни ситуации во СЗО, предупредувајќи дека очекувањата дека вирусот може да се искорени за неколку месеци би биле „нереални“.

Исто така нагласи дека уште не е познато дали оздравувањето од COVID-19 ќе доведе до имунитет и колку долго ќе трае тој имунитет.

Од СЗО наведоа дека е сигурно дека во блиска иднина нема да се вратиме во нормала.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе