СЗО до своите членки: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидје Усан, во време кога бројот на зпочинати од COVID-19 се приближува на два милиони.

Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата.

„Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапн “, препорача комитетот на СЗО.

„Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето“, се додава во извештајот.

Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на коронавирусот, како што се оние во Обединетото Кралство и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

– Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, рече таа.

Постојат стравувања дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои не ни имале пристап до вакцината. Фон дер Лајен вели дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за COVID-19.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе