СЗО ги прекина тестирањата на хидрохлорокин како можна терапија за COVID-19

Тестирањата на лекот против маларија хидрохлорокин како можна терапија за коронавирусот се прекинати поради загриженост околу неговата безбедност по здравјето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Клиничките испитувања со овој во лек се „привремено“ суспендирани како мерка на претпазливост, велат од СЗО. Веста следи откако најново медицинско истражување  укажа дека лекот може да го зголеми ризикот од смртност кај пациентите со COVID-19.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека го зема лекот „превентивно“ и во неколку наврати го промовираше лекот против маларија, наспроти лекарските совети и предупредувања од здравствените служби дека може да предизвика проблеми со срцето.

Минатата недела во медицинскиот журнал The Lancet беше објавен извештај од истражување во кој се вели дека не само што нема докажани  позитивни ефекти од давање хидрохлорокин како терапија на болни од COVID-19, туку дури може да се зголеми бројот на смртни случаи меѓу хоспитализирани пациенти со оваа болест.

Хидрохлорокинот е безбеден за користење кај болни од маларија и состојби како лупус и артритис, но во контролирани услови и по препорака на лекар. Досега нема клинички испитувања што докажале дека е ефикасна терпаија против COVID-19.

СЗО привремено ги суспендира сите клинички испитувања со овој лек додека трае процесот на проверка и проценка на неговата безбедност по здравјето кај пациенти со COVID-19.

Во истражувањето на The Lancet беа вклучени 96.000 пациенти со COVID-19, при што на 15.000 од нив им бил даван хидрохлорокин или хлорокин, самостојно или во комбинација со антибиотик.

Истражувањето покажа дека пациентите имале поголем ризик да умрат во болница или да развијат компликации на срцева аритмија во споредба со другите пациенти во контролната група.

Стапката на смртност во групите била: со хидрохлорокин 18%, хлорокин 16,4% и контролна група 9%. Кај оние пациенти кои добивале комбинираната терапија од хидрохлорокин/хлорокин со антибиотик стапката на смртност била уште повисока.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе