Светската здравствена организација и Wikipedia ги здружија силите во борбата против дезинформациите за коронавирусот. Нивните мотиви се поврзани со бројните информации и гласини поврзани со COVID-19.
Партнерите најавија соработка за подобрување на пристапот на јавноста до најсовремените и најсигурни информации за болеста. Благодарение на оваа соработка, луѓето ширум светот ќе можат да пристапуваат и да споделуваат инфографици, видеа и други мултимедијални податоци на СЗО поврзани со јавното здравство, кои ќе бидат зачувани во Wikimedia Commons.
Ова ќе им овозможи на повеќе од 250.000 доброволни уредници на Wikipedia да го прошират опсегот на темата COVID-19, која во моментов има повеќе од 5.200 статии на 175 јазици.