Светската здравствена организација ја продолжи меѓународната здравствена вонредна состојба поради пандемијата на COVID-19 за уште три месеци, соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.
Комитетот се согласи дека пандемијата останува во вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор, се вели во соопштението.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг истакна дека светот има начини да ја стави под контрола глобалната пандемија во следните месеци.
– Имаме начини да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, ако ги почитуваме рестриктивните мерки, изјави Гебрејесус.