Примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од корона вирус, соопшти Светската здравствена организација.
„Луѓето кои примаат пакети од Кина не се изложени на ризик од зараза од корона вирусот. Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети“, се наведува во соопштението.
Досега од корона вирусот починаа 259 луѓе, а речиси 12.000 лица се заразени низ светот.